Veridex
Назад кон почетна

Мал тим, голема визија

Го градиме софтверот што сакавме да го имаме кога работевме со застарени системи. Не постоеше. Затоа го направивме сами.

Од застарен софтвер до модерен систем

Зошто Veridex?

Работевме со македонски компании. Транспортни фирми, производствени погони, трговски друштва. Секоја имаше ист проблем: софтверот што го користеа беше или застарен до степен на неупотребливост, или беше странски систем преведен на македонски кој никогаш навистина не се вклопуваше во начинот на работа.

ERP системите на пазарот се или огромни и комплицирани (SAP, Dynamics), наменети за корпорации со тимови за имплементација, или се локални решенија од 2000-тите кои изгледаат и работат како да се од тоа време.

Празнината е очигледна: нема модерен, едноставен ERP направен за македонски бизниси од средна големина. Напишан на македонски од почеток, не преведен. Разбира како се работи овде. И не бара 6 месеци обука за да почнете.

Затоа го направивме Veridex.

Во што веруваме

Не правила на хартија. Принципи по кои работиме секој ден.

Едноставност пред сè

Секоја функција мора да биде разбирлива без упатство. Ако треба да објаснуваме како нешто работи, не е доволно едноставно.

Локално прво

Не преведуваме странски систем. Градиме од нула за тоа како работат бизнисите во Македонија, со нивните процеси и регулативи.

Директна комуникација

Нема тикет систем со 5 дена чекање. Кога имате проблем, зборувате со луѓето што го правеле системот, не со скрипта од call центар.

Празнината на пазарот

Погледнете го софтверот што го користат повеќето македонски компании за организација, транспорт или финансии. Приказната е секогаш иста:

Застарени локални системи

Софтвер од 2005, Windows XP интерфејс, база на податоци на еден компјутер. Кога тој компјутер падне, сè застанува.

Преведени странски решенија

Системи направени за германски или американски пазар, преведени на македонски со Google Translate квалитет. Процесите не се вклопуваат.

Excel, тетратки и Viber

Десетици табели, знаењето е во главата на еден човек, а информациите се разменуваат преку Viber и телефон. Сè работи додека тој човек не отиде на одмор.

Veridex е одговорот на сето ова. Модерен систем, напишан од нула, за начинот на работа во Македонија.

Подготвени да видите нешто поинакво?

Закажете бесплатно демо и видете зошто компании преминуваат на Veridex.