Ништо не се зачувува додека не потврдите.
Налозите не ги препишувате од PDF.
Прикачете го PDF-от од налогот што ви го испратил налогодавачот, а вештачката интелигенција ги пополнува сите полиња. Вие само проверувате и зачувувате.
Направен за транспортни компании на Балканот. Водете ги турите, возачите, возниот парк и фактурите на едно место, без тетратки и без ексели. Вградената вештачка интелигенција ја презема досадната административна работа, а вие се фокусирате на транспортот.
| Број на налог | Тип | Клиент | Износ | |
|---|---|---|---|---|
| 761/2026 | Извоз | ПЛАСТИКА ТЕХНО ДОО | 1.950,00 € | |
| 768/2026 | Увоз | Südwerk Komponenten GmbH | 1.460,00 € |
Налогот, турата, фактурата и трошоците се поврзани меѓу себе, па ништо не препишувате од една програма во друга и за секоја тура знаете колку заработила.
Ништо не се зачувува додека не потврдите.
Прикачете го PDF-от од налогот што ви го испратил налогодавачот, а вештачката интелигенција ги пополнува сите полиња. Вие само проверувате и зачувувате.
| VID | Добавувач | Тура | Износ |
|---|---|---|---|
| EX1854 | OMV · Грац, AT07.06.2026 | 12/2026 | 92,40 € |
| EX1853 | Shell · Филах, AT08.06.2026 | 12/2026 | 88,10 € |
| EX1852 | DKV · Верона, IT10.06.2026 | 12/2026 | 104,20 € |
На крајот на месецот прикачете ги фактурите од картичките за гориво, од Shell, DKV, OMV и другите. Вештачката интелигенција ја чита секоја ставка, го наоѓа камионот по регистрација, го одредува типот на трошокот и ја предлага турата на која бил камионот тој ден. Ако некоја фактура веќе е внесена, ја препознава и однапред ја исклучува.
Отворете нова фактура од налогот и таа е веќе пополнета со неговите податоци, а налозите што никој не ги фактурирал ве чекаат на посебна листа. Испратете ја фактурата од самиот налог, заедно со ЦМР-то и другите прилози. Ако плаќањето задоцни, клиентот добива потсетување по е-пошта, за фактурите на кои сте го вклучиле.
Извештајот го става приходот од турата наспроти горивото, исплатите на возачите, казните и останатите трошоци. Маржата е обоена, па веднаш гледате која тура носи пари, а која губи. Ова е еден од повеќе од 30 извештаи во Veridex.
Veridex е софтвер за транспортни компании со вграден TMS за управување со турите и налозите. Трошокот од турата се гледа и на камионот, фактурата стои на налогот, а документите на возачот на неговото досие, па никој не бара податоци по ексели и мејлови.
Знаете кога истекува секој документ и кога е следниот сервис, за секој камион и приколка.
Сопствени и посреднички налози и тури на едно место, а дневниците на возачите се пресметуваат сами за секоја земја.
Влезни и излезни фактури, трошоци и плаќања во повеќе валути, и во секое време знаете кој ви должи и колку доцни.
За секој клиент гледате колку приход ви носи и колку ви должи, а за секој вработен кога му истекуваат документите.
Повеќе од 30 извештаи низ сите модули: профит по тура, кој ви должи, трошок по камион. Преземете го секој во Excel, CSV или PDF.
Ги пополнува налозите и фактурите од PDF наместо вас, предупредува кога износот не изгледа точно и одговара на прашања за вашите тури и фактури.
Се вика Вида и работи во формите што веќе ги користите: таа пополнува, вие проверувате и зачувувате.
3 клиенти доцнат, вкупно 17.380 €:
| 128/2026 | Нордкап Карго | 38 дена |
| 96/2026 | Адриатик Логистикс | 14 дена |
| 131/2026 | Транслог Виена | 6 дена |
SK 6742 BT и SK 3806 BU немаат тура во моментов. SK 6774 BT е на тура TU-573 до 14 јуни.
Ги има на секој налог, тура, фактура и возило, и секаде работат исто.
Возен парк, Транспорт, Финансии и Организација имаат своја контролна табла: налози што чекаат фактура, доспеани фактури, документи што истекуваат и возила за сервис.
Притиснете Ctrl+K на која било страница и напишете регистрација, број на фактура, клиент или име на извештај.
Повеќе од 30 извештаи, секогаш со денешните податоци: профит по тура, кој ви должи и колку доцни, паричен тек за следните 30, 60 и 90 дена и трошок по камион.
Триесет минути во самиот Veridex, без слајдови. Прашајте што сакате, и за цената.