Моќно и автоматизирано работење со фактури.

Од автоматско внесување и генерирање, до испраќање потсетници и преглед на документација, целиот Финансии модул е направен за да се минимизираат грешки и да се зголеми ефективност.

Платена · 142/2026
Излезни фактури 867 Креирај Излезна фактура
СитеНеплатениДелумно платениПлатениДоспеани 79
Број на фактураКомпанија (клиент)СтатусИзнос
625/2026 Нордкап Карго Делумно платена 4.470,00 €
623/2026 Транслог Виена Неплатена 2.300,00 €
Вкупен износ EUR 1.734.557 EUR Наплатено EUR 1.536.422 EUR

Автоматското внесување на фактурите од картичките за гориво и патарини ви заштедува дури до 97% по фактура.

Поддршка за управување со повеќе правни субјекти

Водете повеќе свои правни лица во еден систем. Секоја фирма издава своја чиста секвенца 1/2026, 2/2026 по година, со свое лого и меморандум на PDF-от.

  • Автоматски генерирање на фактури. Брендираните фактури во PDF се генерираат автоматски и се регенерираат при секоја промена, со ваш изглед.
  • Имајте увид во сите посебни субјекти. Извештаите и сите табели можат да се филтрираат по фирма.
Излезни фактури
Број на фактураФирмаКомпанија (клиент)Износ
626/2026 ТРАНСВЕРИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ ПЛАСТИКА ТЕХНО ДОО 1.950,00 €
41/2026 ВЕРИКА ШПЕД ДООЕЛ Südwerk Komponenten GmbH 980,00 €
625/2026 ТРАНСВЕРИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ Нордкап Карго 4.470,00 €
40/2026 ВЕРИКА ШПЕД ДООЕЛ Адриатик Логистикс 1.120,00 €

Наплата и евиденција на старост на долг

Веридекс има способност сам да бара наплата. Секоја фактура има статус на наплата: платена, неплатена, наскоро доспева, и доспеана. Дневната проверка ви кажува кој доцни и колку, а системот сам испраќа потсетници и документи кон клиентите.

  • Автоматски потсетници се испраќаат кон клиентите за да не мора вашиот тим да води константна евиденција на комуникација.
  • Доспеаните фактури се категоризираат во повеќе старосни категории, односно 0-30 дена доцнење, 31-60 итн, така што имате увид на старосната структура на вашите побарувања.
Ненаплатени побарувања по клиент
1 Нордкап Карго 8.940,00 EUR
до 38 дена доцнење
2 Транслог Виена 4.600,00 EUR
до 21 ден доцнење
3 Адриатик Логистикс 3.840,00 EUR
до 14 дена доцнење
Вкупно 17.380,00 EUR

Потсетувања за задоцнето плаќање по е-пошта

Вклучете автоматско потсетување на фактурата, а Веридекс сам ја испраќа е-поштата до клиентот кога фактурата ќе доспее, заедно со фактурата во PDF.

  • Ваши шаблони. Напишете ја пораката еднаш, со полиња како број на фактура, износ и рок за плаќање кои Веридекс сам ги пополнува. Можете да имате и посебни шаблони, на пример за српски или германски клиенти.
  • Едно автоматско потсетување. Веридекс испраќа едно автоматско потсетување по фактура, а повторно испраќање правите вие, кога ќе одлучите.
  • Се знае кога и како. Секое испратено потсетување останува запишано на фактурата, автоматско или рачно, со датум и прилог.
Излезни фактури / 128/2026 Доспеана Испрати потсетување повторно Промени
Клиент
Нордкап Карго
Рок на плаќање
07.05.2026
Вкупно
8.940,00 €
Испратени потсетувања
Испратено наНачин на испраќањеПрилог
08.05.2026 09:00Автоматско128-2026.pdf
28.05.2026 11:42Рачно (Дарко М.)128-2026.pdf

Авотматско читање на трошоците

PDF, ZIP, или слика од сметката - Веридекс автоматски ги внесува сите трошоци поврзани со тури

  • Гориво и патарини: едноставно прикачете ZIP од Shell, OMV, DKV итн и Веридекс автоматски ќе ги внесе ставките и поврзе со турите на тоа возило на тој ден.
  • Влезни фактури кои се директни или индиректни трошоци се исто така автоматски внесени во системот.
Трошоци 1.854 Вида: Трошоци од фактури
VIDДобавувачВозилоТураИзнос
EX1854 OMV · Грац, AT07.06.2026 SK 4288 EF 12/2026 92,40 €
EX1853 Shell · Филах, AT08.06.2026 SK 4288 EF 12/2026 88,10 €
EX1852 DKV · Верона, IT10.06.2026 SK 4288 EF 12/2026 104,20 €
Вкупен износ EUR 284,70 EUR

Работа со повеќе валути

Фактура во друга валута не е проблем. Конвертерот е во самото поле за износ: изберете валута, внесете го износот, и Веридекс го внесува конвертираниот износ во полето.

  • Курсеви кои вие ги поставувате. Конвертерот ги користи курсевите внесени во Веридекс, а ако курсот е сменет, со еден клик го зачувувате како нов стандарден курс.
  • Секаде каде што внесувате износ. Ставки на фактури, трошоци, налози, исплати на вработени и сообраќајни казни.
Нова влезна фактураСтавки
Конвертирај во EUR
Зачувај го курсот како стандарден Внеси

Закажете персонализирана презентација

Дознајте ја вистинската моќ на Веридекс со примери од вистинска секојдневна работа.

Одговор во рок од еден работен ден