Автоматско внесување на налози, едноставно креирање и преглед на тури, користење на дозволи и документација, увид на излезни фактури и директни трошоци на турата.
Крај на погрешно диспечирани камиони, ненаплатени фактури, грешни налози, и неточни трошоци.
Со помош на вештачка интелигенција, само го прикачувате налогот во PDF формат како што ви пристигнува на е-пошта, а Веридекс автоматски ги пополнува сите потрвебни информации.
Еден налог може да има повеќе места на утовар и истовар, секое со своја адреса, датум, референца и забелешка. Веридекс ја прикажува целата рута место по место, а истата рута ја добиваат и возачот и превозникот на печатениот налог.
Автоматско пресметување на дневници зависно од движење по држави, исплата на возачи по различни основи, казни, и директни трошоци на турата - вистинска слика за вашите трошоци.
| Возач | Тип | Датум | Износ |
|---|---|---|---|
| Игор Лазаревски | Дневница | 29.04.2026 | 25,00 € |
| Игор Лазаревски | Дневница | 30.04.2026 | 32,00 € |
| Игор Лазаревски | Редовна исплата | 04.05.2026 | 65,00 € |
| Игор Лазаревски | ЦМР исплата | 04.05.2026 | 30,00 € |
Од налогот за товар до папката на турата, Веридекс ги генерира документите што секојдневно ги печатите, со сите податоци веќе пополнети.
Целосен систем за управување и евиденција со посреднички налози.
Дозволете превозниците сами да ги прикачуваат документите како ЦМР и фактура при завршување на превозот. Превозникот добива линк, а документите стигнуваат директно на налогот.
Едноставно прикачете PDF од налогот како што ви е стигнат на email, а Веридекс автоматски ќе ги пополни сите потребни информации.
Ништо не се зачувува додека не потврдите.
Дознајте ја вистинската моќ на Веридекс со примери од вистинска секојдневна работа.