Веридекс ја има Вида - вештачки интелегентен асистент кој постојано работи во позадина, и му помага на вашиот тим со што ги завршува здодевните работи
Налозите, влезните фактури и трошоците од PDF стануваат пополнети записи. Едноставно прикачете го документот и Вида ќе го внесе уредно и точно
Што читаИзнос што изгледа преголем за тој тип трошок. Курс далеку од вообичаениот. Цена на гориво по литар која е необично висока. Тивки предупредувања кои помагаат на вашиот тим да прави помалку грешки
На што предупредуваКој не платил? Кои камиони се слободни следната недела? Колку пати сте возеле за Германија? Кои документи треба да се обноват следниот месец? Вида одговара брзо и структурирано од вашите сопствени записи.
Што можете да прашатеДвете најспори работи во една транспортна компанија се внесувањето на налози и рачното внесување фактури. Веридекс ги решава двата проблеми со вештачка интелигенција: системот пополнува, вие проверувате и потврдувате.
Клиентот ви испраќа налог за товар како PDF. Вида го чита и го пополнува целиот налог: рута, датуми, фирми, адреси, ставки на товарот, износ, валута, рок на плаќање. Повеќе од 20 полиња во едно читање.
Ништо не се зачувува додека не потврдите.
Прикачете PDF или ZIP со фактури од било која картичка за гориво како Shell, DKV, OMV, Eurowag и остајте ја Вида автоматски да ги внесе во системот.
| Производ | Износ (со ДДВ) | Тура |
|---|---|---|
| Дизел | 612,40 € | 12/2026 |
| Патарина · AT | 86,20 € | 12/2026 |
| AdBlue | 24,10 € | 12/2026 |
Секој трошок се споредува со вашата сопствена историја на слични трошоци, така што големи отстапувања се веднаш забележани а вие сте предупредени за истите.
Износ многу над или под она што вообичаено го плаќате за тој тип трошок.
Внесен курс далеку од вообичаениот за таа валута. Најчесто печатна грешка, фатена пред да се зачува.
Цена по литар надвор од опсегот што вашата сопствена историја на гориво го смета за нормален.
Фактура во различна валута од налогот, фактура со различен курс од вашата банкарска сметка.
Излезна фактура чиј износ е десет и повеќе пати поголем од цената на налогот за кој е издадена. Најчесто денари внесени како евра.
Само совет · зачувувањето останува ваше
Само совет - Вида никогаш не блокира зачувување. Ако невообичаената бројка е намерна, едноставно ја зачувувате.
Кој не платил? Кои камиони се слободни следната недела? Колку пати сте возеле за Германија? Кои документи треба да се обноват следниот месец? Вида одговара брзо и структурирано од вашите сопствени записи.
Прикачете еден или повеќе налози во разговорот, како PDF или слика, и кажете на која тура одат. Вида го чита секој документ и подготвува налог кој вие го прегледувате и зачувувате.
Ги подготвив двата налога за турата 14/2026.
Зачуван како налог 773/2026
на турата 14/2026 · 24.10.2026 10:42
Дознајте ја вистинската моќ на Веридекс со примери од вистинска секојдневна работа