Како изгледа тоа во пракса?
Без Veridex
Сакате да знаете колку ве чинел камионот SK-1234 оваа година. Отворате еден Excel за гориво, друг за сервиси, трет за патарини. Го прашувате сметководителот за фактурите. После два часа собирање бројки, сè уште не сте сигурни дали ви се сите трошоци.
Со Veridex
Го отворате возилото SK-1234 во Veridex. Ги гледате сите трошоци: гориво, патарини, сервиси, казни, осигурување. Секој трошок со датум, износ и категорија. Одговорот го имате за 30 секунди.
Што вклучува
Три области за финансиско управување: трошоци, влезни фактури и излезни фактури. Секоја поврзана со остатокот од системот.
Трошоци
Секој трошок е поврзан со нешто конкретно: возило, вработен, тура, приколка или компанија. Не е само бројка во табела. Знаете точно за што е потрошен секој денар.
- Поврзаност со возило, вработен, тура, приколка или компанија
- Категории и подкатегории (гориво, патарини, сервис, казни...)
- Материјали и количини по трошок
- Датум, износ и валута
- Еден трошок може да биде поврзан со повеќе ентитети истовремено
Влезни фактури
Фактури кои ги добивате од добавувачи: сервисери, бензински станици, осигурителни компании. Секоја со свои ставки, рок за плаќање и статус. Кога сервисерот ви испрати фактура, таа се поврзува со записот за одржување на тоа возило.
- Добавувач, датум, рок на плаќање
- Детални ставки по фактура
- Автоматски статуси: нова, одобрена, платена, задоцнета
- Поврзување со запис за одржување на возило
- Поврзаност со тура, возило или вработен
Излезни фактури
Фактури кои ги издавате на клиенти. Поврзани со налози од транспортниот модул. Знаете кој клиент колку ви должи, кои фактури се платени и кои се задоцнети. Не треба да проверувате рачно.
- Поврзаност со налози за тури
- Клиент, датум, рок на плаќање
- Детални ставки по фактура
- Следење на наплата: платена, делумно платена, задоцнета
- Автоматско означување на задоцнети фактури
Импорт на трошоци од фактури на горивни картички
Добивате PDF фактура од DKV или Shell. Наместо рачно да внесувате секоја ставка (гориво, патарини, AdBlue), ВИ ги чита сите трансакции од фактурата. Ги разпознава возилата, датумите, износите и типовите на трошок. Вие само проверувате и кликнувате „Импортирај".
1. Прикачете PDF
Фактура од DKV, Shell или ZIP со повеќе
2. ВИ ги чита ставките
Возило, тип, количина, износ, ДДВ
3. Проверувате и доделувате
Тура, држава, избор на ставки
4. Импортирате
Трошоците се внесени и поврзани
Што извлекува ВИ од секоја трансакција:
Рачно (без ВИ)
Една DKV фактура со 40 ставки. Секоја ставка ја внесувате рачно: возило, тип, датум, износ. Ви треба 30 до 60 минути.
Со ВИ импорт
Прикачувате PDF, ВИ ги чита сите 40 ставки. Проверувате, кликнувате „Импортирај". Готово за 2 минути.
Сè е поврзано
Трошоците и фактурите не се изолирани записи во табела. Секој е поврзан со конкретно возило, вработен, тура или компанија. Тоа значи дека можете да отворите кој било ентитет и да ги видите сите негови финансиски податоци.
Пример 1: Возило SK-1234
Отворете го возилото SK-1234 и ги гледате сите трошоци: гориво, патарини, сервиси, казни. Знаете колку ве чинел тој камион за цела година. Не барате по Excel табели.
Пример 2: Тура TU-0045
Отворете ја турата TU-0045 и ги гледате: приходи од 3 налози минус сите трошоци (гориво, патарини, дневници). Профитот на таа тура го знаете веднаш.
