Veridex
Споредба

Veridex vs Excel, Viber и тетратки

Ако моментално ги водите возилата, турите и финансиите во Excel табели, Viber групи и тетратки, еве што конкретно се менува кога преминете на Veridex.

Excel / рачно
Veridex
Фактури
Рачно внесување ставка по ставка. 15-30 минути по фактура. Секоја грешка ја барате со часови.
ВИ чита PDF и пополнува автоматски. Вие само прегледувате и одобрувате. 10 секунди по фактура.
Сервиси
Запишано на листче, во тетратка, или во глава на еден човек. Се сетите кога е доцна.
Автоматски потсетник по километри и по време. Пред да стане дефект, пред да стане казна.
Трошоци
Расфрлани низ десетици табели. Не знаете кое возило колку ве чини месечно.
Секој трошок е врзан за возило, тура и возач. Трошок по километар, на еден клик.
Документи
По фиоки, мејлови, Viber групи. „Кој го има тој договор?“ Никој не знае.
Скенирани и прикачени на вработен или возило. Пребарливи во секунда.
Тури
Кој вози, каде, кога? Некој знае, ама не е тука. Информациите се во телефон или во глава.
Статус на секоја тура во реално време. Рута, возач, товар, сè на едно место.
Плати
Рачна пресметка во табела. Грешки се нормална работа. Секој месец истата мака.
Систематска евиденција со историја, договори и точни пресметки.
Технички прегледи
Датуми во календар или во глава. Пропуштен преглед значи казна и возило кое стои.
Системот ве потсетува пред да истече. Никогаш повеќе пропуштен технички.
Профитабилност по тура
Не знаете. Или знаете отприлика, ама не точно. Ги броите приходите, ама ги забравате трошоците.
Приходи минус трошоци за секоја тура. Знаете точно кои тури ви носат пари и кои не.
Возачки дозволи
Запишано некаде. Или не е запишано. Дознавате дека е истечена кога возачот го запира полиција.
Датум на истекување внесен во системот. Потсетник пред да истече. Секогаш знаете статусот.
Пристап
Само од компјутерот каде е фајлот. Или на USB. Надвор од канцеларија, немате пристап.
Од било каде: компјутер, телефон, камион. 100% облак, секогаш достапно.
Историја
Некој избришал ред во табелата. Никој не знае кој. Никој не знае кога.
Секоја измена е запишана: кој, кога, што. Целосна историја на секој запис.

Вистинската цена на Excel

Excel е „бесплатен“. Но колку ве чини времето што го трошите на рачно внесување, барање и проверување на податоци? Колку ве чини еден пропуштен технички преглед? Колку една казна за истечена регистрација? Колку една тура за која не знаете дека е на загуба додека не е предоцна?

15-30 мин

рачно внесување по фактура, секој ден

0

историја кога некој избрише ред во табелата

1 човек

го знае „системот“. Кога ќе замине, сè застанува.

Со Veridex, фактурите се внесуваат за секунди (ВИ ги чита), секоја промена е запишана со име и датум, и системот не зависи од меморијата на еден човек. Техничките прегледи, регистрациите и возачките дозволи имаат потсетници. Профитабилноста по тура ја гледате на еден клик.

Преземете ја споредбата

Споделете ја со тимот или менаџментот за полесна одлука.